Театарот е уметност која се изведува во живо, публиката може директно да ги осети чувствата на актерите на своја кожа, како и да ги види своите омилени ликови од драмите во истиот момент пред нив како се сакаат, мразат, преколнуваат, умираат.

Единствена магија која се развива преку оживување на една Антигона, Хамлет, Ричард III, Нора, Нина, Отело, Тартиф… би редела до недоглед.

Кога станува збор за театарот постојано зборуваме за некои нови форми, можеби актери заменет со некои предмети или пак претстава изведена со илустрации, но никој не предвиди на  изведување претстава онлајн или преку екрани односно ‘’ Претстава за време на корона! ’’ .

Бес, болка, лутина доволно да се објани кога ти е одземено нешто кое што го работиш со љубов, едноставно не знаеш дали да жалиш што цел свет е навлезен во една црна дупка и што секој ден се будиш со одредена статистика и бројки или што не можеш да го прифатиш стравот дека театарот можеби на момент или засекогаш ќе го снема.

Како да се прифати исчезнувањето на таа магија?

Како да се прифати исчезнувањто на рефлекторите и чувството кога ќе се застане на тие даски полни со прашина која се впива во твоето тело и забораваш кој си и едноставно се претвораш во некој друг.

Како да се заборават сите тие очи кои се вперени во тебе и со неизвесност ја очекуваат секоја твоја следна реплика?

Како да се заборават емоциите кои ти треперат во срцето и едвај чекаат да испливаат на таа луда магична сцена?

Како да се заборават ликовите кои живееле со тебе секој момент од твојот живот?

Го нема веќе ‘’ театарот е сега и овде’’.

Ја има само плавата нежна маска која го прикрива, го гуши, ги гуши чувствата, зборовите, емоциите, движењата па дури и обичната прегратка прелиена со еден рој  внатрешно дејство.

Го има само кликот на едно копче ‘’ купи карта за претстава во живо преку малите екрани”.

Во живо….

Колку тажно, колку глупо…

За Камера Опскура,

Румена Шопова,

Актерка

Share This Story, Choose Your Platform!