Филмот отсекогаш бил, во неговото јадро, визуелен медиум.
Еден од најважните и највпечатливи аспекти на филмот е неговата употреба на боја за да се поттикне психолошки одговор од публиката. Бојата може да се искористи за да се пренесе расположение и да се постави тонот или амбиентот на сцената.
Ова e кратката анализа на седумте бои од спектарот на Њутон. Во психологијата е признато дека овие бои се првата октава од спектарот.
ЦРВЕНА – има силен емоционален залет, предизвикува психосоматична возбуда; конотира со иницијативност, новаторство, слободоумие, веселост, целоустременост; изразува првична фаза на самопоставеност; првичен израз на индивидуалноста; ја нагласува изразата на човек кој господари со себе си; антидепресант; изразува наситена амбиција; одговара на груба сила и физичка моќ во некои моменти од примитивизмот. Ако е боја која доминира, предизвикува активност, движење. Претерана доминација на црвено може да создаде впечаток на нервоза, напрегнатост, беспокојство, психички испади, екстремности, склоност кон проливање крв, агресија, деспотизам. Активни конотации на црвената боја се исто склоноста на себеизјавување; репродукција, зачнување, секс, емоционалност, страст и еротика, обилна љубов, силата на љубовта, агресивна желба, храброст, самопожртвуваност, алчност, особеност, необузданост, стремеж кон власт кое ако доминира во овој контекст може да се разбере како немилосрдност и тиранија.
ПОРТОКАЛОВА – ја има балнасирачката функција и движењето кон хармонија. Оваа боја има и карактеристики на освежување, емоционално животна радост, толеранција, се потивопоставува на стравови и кочници; конотира уште со како ослободеност од ограничувања; има смирувачка сила – постигнува хармонија, сврзување, обединување, аналитичност, создава осет за целост; создава ритам и осет за време; од естетска гледна точка се конотира со желба и потрага кон формата. Во негативен план конотациите се – нервоза, гнев, избрзаност, брзоплетост, склоност кон спорови со желба за доминација и утврдување само во сопствената позиција. Портокаловата ја изразува радоста од животот.
ЖОЛТА – интелект, мисловност и самоконтрола; инспирација; освежување и стимулирање на мисловните способности; жив ум и проникливост; оптимизам и радост; вообразеност; бегство; мечтаење; мечти за величење. Присуството на жолтата боја зборува за разнообразност и многуобразност, спонтаност и постојани промени; недостаток на концетрација, слободољубство. Негативни конотации на жолтата боја се измамата, зависта, егоизмот, болката, љубомората, самотијата, возхит, растојанието од другите, себеискажување. Инаку жолтата боја се однесува на интелектот.
ЗЕЛЕНА – бојат на природата; баланс; хармонија и спокојство – рамнотежа на духовното и матријалното; јасност; освежување; создава пријатни чуства; предизвикува смирувачки ефекти; опушта и охрабрува. Го симболизира животот; сконцетрираноста, решителноста, експедитивноста; совесноста; трпеливоста; прецизност; чуство за прпорции; желба за сигурност. Негативни конотации на зелената боја се арогантност; догматизам; завист; тесноградост; асоцијации за надеж. Зелената боја ве препраќа кон рамнотежата меѓу природата и човековата волја.
СИНА – Одделување од физичките сфери на животот и навлегување во духовните. Синото на небото и океаните креира асоцијации за бескрајноста на животот; создава чуство за длабочина, утеха, спокој, духовно задоволство и среќа; конотации на вечноста; протокот на времето, на животот; вистината – во апстрактен и објективен план; миротворна, смирувачка боја; закрила; самоанализа; дистанца. Во однесување – хармоничен дух, копнеж, настојување, надеж, романтика, аналитичност, магичност, традиционалност, слобода. Во негативна конотација; отуѓеност, ладност, дистнцирање. Инаку главна особина на сината боја е чистотата и спокојот, проникнување.
ИНДИГО – интуиција; духовно растење и здрава врска со животот; врска со човечките сетива и седумте чакри. Индиго бојата и виолетовата не се користат често како бои за човечкото постоење. Од психолошка гледна точка индигото го ослободува човекот од стравовите, задршките и фрустрациите негови; асоцира со дуалноста на човечката природа, но со закотвено осеќање на целост; го раширува хоризонтот примање, проникнување. Конотира кон науките, филозофијата, интуицијата, акцентира кон склоноста за идеализам; однос кон убавото; конотира кон праведноста и чесноста; обединување во хармонично единство; утеха и чуство на радост; љубов; симбол на времето и на домот, помош, благодарност и сочуство; потпора. Негативни конотации на индиго бојата – отуѓување; дистанцирање; догматизам; суета; цинизам; егоизам. Индиго бојата е сврзана со интуицијата.
ВИОЛЕТОВА – Конотира со интуицијата и аналитичноста, аналитичност во врска со животот само без фокусирање само на материјалното. Задлабоченост; внимание. Врска меѓу свесното и потсвесното. Асоцира стремеж кон знаење, инспириран ум; анализа на скриеното; нејасното и окултното; вознемирувачки соништа; привиденија; ја смирува нервозата ( како синото и индигото ); силен акцент врз духовното, верата, осознавње на човековата мисија во човечкото постоење; идеја за комлетирање и перфекционизам, средновековната алхемија; свртување на погледот навнатре, просветлување, новаторство, идеали, префинетост; асоцира уште со маѓепсани светови, фантазии, магии; идејата за лидерство; таа е бојата на водачот и учителот; нежност; љубов и мудрост; совршенство. Негативни конотации – гордост, ароганција, ексцентричност, изолација. Виолетовата боја е симбил за одделување од материјалното.
Бои од втора октава – розова, циклама и златна.
РОЗОВА, ЦИКЛАМА – има многу исти карактеристики со црвената, но се разбира и се однесува подлабоко во животот. Асоцира на дисциплинирана движечка сила, енергија која ги претвара привиденијата во реалност; предпоставка за преплет меѓу безграничната духовност со ограничената материјалност. Има конотации на лидерство; поседува способност да владее со мислењата и чуствата на другите; идеја за себеостварување; широк дијапазон и акцент врз перфекционизмот; зборува за личните достигнувања; асоцира уште со жешката љубов и пријателство. Негативни конотации – акцент врз желбата за контрола и доминација; проповедање на нетрпеливости кон другите; склоност кон богатење и материјална корист; страст кон славата и измамата.
ЗЛАТНА – е повисоката октава на портокаловото, сиболизира степен на совршенство( процес на трансмутација од пониско кон повисоко ) силни конотации на веселост, радост, надеж, енергија, физичка сила; ги соединува енергијата со мудроста; идеја за умствени способности; симболизира патешественик; идејата за учителот и лидерот( во контекст на светски и духовен водач ). Негативни конотации на златната боја се; каприцизност, суета, високоценетост.
Основната причина за користење на бојата во филмот може да биде очигледна: да се направат кадрите динамични и убави. Но, постои и споредна причина што го олеснува визуелното раскажување приказни. Така е, најдобрите употреби на бојата во филмот исто така раскажуваат приказна.
Ова е најважната и најкратка форма за описот на психолошките карактеристики на боите, која се зема како најточна до ден денес според психологијата. Се разбира има уште, но тоа ви го оставам да си го откриете сами.
За Камера Опскура,
Александар Ристоски
Режисер