Во раните часови, на 1 декември, платформата на телескопот Аресибо се урна во големиот сферичен диск. Значајниот радио телескоп во Порторико е уништен, оставајќи ја научната заедница во шок.

Шумот од познатата изрека „ Is there anybody out there?“ заминат засекогаш.

Можеби ова е стара вест за кафе муабет, но јас би сакала да оддадам почит. Зошто? Бидејќи опсерваторијата Аресибо не беше ценета само во светот на науката со својата позната SETI програма-  Програмата за потрага по вонземска интелигенција, туку и во кинематографскиот свет. Беше позната филмска ѕвезда!

Во 1995 година, „GoldenEye“ беше седумнаесеттиот филм за Џејмс Бонд и првиот на Пирс Броснан во улога на агент на британската тајна служба. 

Во 1995 година, е снимен филмот „Species“за злобната вонземјанка – за време на програмата СЕТИ, научниците од Земјата испраќаат пораки (секако пораката од Аресибо) со информации за Земјата и нејзините жители, структурата на ДНК, итн., со надеж дека ќе најдат живот надвор од Земјата. Tука ќе застанам бидејќи сè уште имам кошмари од лошата вонземјанка!

Во 1997 година, „Contact“, филмот за д-р Ели Ароу, радиоастроном, која открива постоење на вонземјани преку радио сигнали, кои испраќаат планови за мистериозна машина за патување.

Бев тинејџерка кога првпат ги видов овие филмови. Тогаш не знаев многу за Аресибо и за научната слава. Го знаев како голема, џиновска чинија / антена, предводена од одличните приказни и заплети, исполнувајќи ја неверојатната сценографија.

Држејќи се до мојот омилен филм за Џејмс Бонд, GoldenEye (а ги имам видено сите), нешто предизвика во мене да влезам во шпионскиот живот, особено кога Џејмс Бонд и Наталија Симонова се споија за да откријат сателитска антена и скриената база, за да ја уништат, пред Борис и Тревелијан, т.е. Јануш да го искористат „Златното око“ за да го уништат Лондон. И, сепак, од време на време, морам да признам дека ја правам сцената на Борис: „ I am invincible! “.

Дофатот до непознатото, универзумот. Кога го видов „Контакт“, ме воодушевиja големите прашања што беа отворени, за кои д-р Ели Ароу работеше, на „вистинската“ програма СЕТИ во опсерваторијата Аресибо во Порторико, слушајќи ги радиоемисиите од вселената, надевајќи се дека ќе најде докази за живот на вонземјани. Филмот ме апсорбираше, и научно и филозофски.

Бев пресреќна што имав можност да ја посетам oпсерваторијата во 2017 година пред да се случи разурниот ураган, со земјотресот кој следеше следната година, оштетувајќи го телескопот засекогаш.

Тоа беше вин-вин ситуација, научно и филмски за мене, нешто што е пречкртано од списокот на желби – the Bucket list. Каква радост дечки! Стоејќи таму лично и повторно гледајќи ги сцените од филмовите од тинејџерските денови кои најмногу си ги сакав.

После уништувањето на Аресибо си поставувам прашање: Дали светот има иконска научна / филмска ѕвезда сега кога Аресибо го нема? Можеби, можеби не. Сепак на крајот, Кинезите го изградија “Tianyan – the Eye of Heaven”, сличен и поголем телескоп како Аресибо. Дали ќе стане сензација и инспирација за идните филмаџии? Само времето ќе покаже.

Но, се надевам дека науката и нејзините „гаџети“ ќе продолжат да бидат сила на инспирација и креација.

Ви благодарам,

Нена

Share This Story, Choose Your Platform!