“The theatre was created to tell people the truth about life and the social situation.” – Stella Adler

Вистината во театарот или театар во вистината?

Магична доза од двете.

Вистината е различна перцепција на народната маса.                                                      

Која е? Kaква е? Дали можеби е онаа која што мнозинството ја нарекува ‘’вистина’’? 

Вистината е  работа на договор, доколку мнозинството смета дека нешто е вистина, тоа е вистина.

Но овде се поставува и прашањето- кое е мнозинстовото, и дали мнозинството е компетентно во општеството во кое твориме.

Тоа е ‘’театар во вистината’’.

Кога се дискутира за театарот луѓето го анализираат како вид на забава, исклучувајќи ја можноста за задлабочување на суштинското значење.

Театарот е олицетворение на вистината, критиката на општеството, емоционална бомба, магија, прашање, одговор, една насмевка, една солза сега и одма.

Театарот е една горка вистина која што не засипнува во грлото и не можеме да ја кажеме, па ја презентираме како нечија а всушност своја.

Криење зад завесите не ја покрива голотија на едно време на лоши навики напротив ја оцртува се повеќе и повеќе, со подебели букви, со подебели корени на нов ден.

Со секоја обработка на различни теми, театарот ни дава можност да се сознаеме самите себеси, промениме нешто во себе, во општеството каде што живееме, едноставно тој е чекор кој што не носи во иднината доколку нашите очи се отрезнети и невини за да ја видат вистината која ни се сервира пред нас.

Театарот не е овде само да не забавува и да го потполнува досадното време, тој е многу повеќе од тоа. 

Тој е промена. 

Промената е ‘’вистината во театарот’’. 

За Камера Опскура,

Румена Шопова,

Актерка

Share This Story, Choose Your Platform!