Ако сте обрнале внимание додека гледате акциони филмови, можеби сте се запрашале зошто толку многу филмски крикови звучат исто? Тоа се нарекува „Вилхелм вресок”, легендарно парче звук што се користи во широк спектар на филмови и ТВ-емисии повеќе од половина век. Вресокот обично се користи кога некој е застрелан, паѓа од голема висина или е фрлен од експлозија.

Но, од каде потекнува името?

Се започнува во филмот „Полнење кај реката Пердув” (The Charge at Feather River) од 1953. Војникот Вилхелм седи на коњот и го полни лулето со тутун кога неговиот претпоставен го извикува неговото име. Тогаш тој гледа како индијанска стрела го ранува во левата нога, и на оваа глетка веднаш го испушта легендарниот крик. Овој вресок се користел постојано во текот на филмот. Ова било прва употреба на овој вресок откако бил вклучен во базата за звуци во библиотеката на Ворнер Брос. Интересно е дека војникот Вилхелм не бил првиот што „вреснал” со Вилхелм вресокот. Оригиналниот вресок потекнува од филмот „Далечни тапани“ (Distant drums) од 1951 година, од сцена кога каубој е изеден жив од алигатор, но сепак звукот е именуван и овековечен според војникот Вилхелм. Инаку, се верува дека вресокот е на актерот Шеб Вули.

Тоа е почетокот на „Вилхелм вресокот” и оттогаш се користи во бројни филмови. И само за да ве инспирирам да слушате внимателно следниот пат кога ќе гледате филм, еве неколку филмови каде што можете да го слушнете „Вилхелм вресокот”.

Во Војна на ѕвездите, епизода IV – Нова надеж (Star Wars, Episode IV – New Hope), во хаосот на битката, Лук Скајвокер и принцезата Леа се обидуваат да ја избегнат Sвездата на смртта. Лук пука во еден од Стормтруперите и тој паѓа во бездната со Вилхелм вресокот.

Дизајнерот на филмски звук, Бен Барт, со ставањето на овој вресок во оваа сцена, го претстави на модерната публика и го смисли и самиот термин „Вилхелм вресок”. Во овој филм, тој всушност ја оживува употребата на овој звучен ефект и оттогаш се вресокот се слуша и во другите филмови за Џорџ Лукас, како „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ (Indiana Jones: The Riders of the Lost Arc), „Враќање на џедајот“ (Return of the Jedi) и многу други.

Нацистички војник паѓа од камион со „Вилхелм вресок” врз хаубата на нацистичкиот џип додека Индијана Џонс се бори со возачот на нацистичкиот камион за контрола над воланот, во филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ (Indiana Jones: The Riders of the Lost Arc). 

Режисерот Квентин Тарантино отсекогаш бил самопрогласен филмаџија и затоа не треба да изненади што тој го вметнува „Вилхелм вресокот” во деструктивниот филм „Доказ за смртта“ (Death Proof). Во сцената со сообраќајна несреќа, ликот на Курт Расел, Мајк, вози Шевролет Нова ss396 од 1971 директно во автомобил на невини цивили. После почетниот удар, може да се чуе „Вилхелм вресок” за време на оваа фатална сообраќајка.

Во „Приказна за играчките“ (Toy Story), Вуди и случајно започнува серија катаклизмички настани за Баз: додека ракува со автомобил со далечински управувач, Вуди превртува табла,  таблата турка глобус, тој почнува да се тркала и да го “брка” Баз исто како големиот камен што Индијана Џонс се обидува да го избегне во „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“. Баз се фаќа за лампата, таа се врти, го турка Баз низ прозорецот и тој паѓа со „Вилхелм вресок”.

Во „Враќањето на Бетмен” (Batman Returns), Бетмен се соочува со криминална банда циркуски пингвини. Додека носи букет цвеќе, еден кловн се обидува да го прескокне Бетмен. Тој ноншалантно го удира негативецот и со истата рака последователно фрла еден циркузант и тој со „Вилхелм вресок” лета од ударот.

Во „Господарот на прстените – Двете кули“ (Lord of the Rings – The Two Towers), за време на битка на крајот од двете кули, илјадници луѓе и џуџиња се обидуваат да спречат опсада од силите на Мордор. Тука,  среде борба, смртоносен орк фрла еднен елф и тој лета од одбранбениот ѕид и со „Вилхелм вресок” паѓа во својата пропаст врз мордор војници. Ова е прв филм од циклусот во кој го има „Вилхелм вресокот”. Потоа се користи повеќе пати и во „Враќање на кралот“ (The Return of the King ) и во „Хобит“ (The Hobbit).

Креаторите на Саут Парк, Мет Стоун и Треј Паркер, никогаш не бегале од референците на поп-културата во нивната работа, па така и „Тим Америка – Светска полиција“ (Team America – World Police) не е исклучок. Додека членот на Тим Америка, Гери Џонстон, влегува во комплексот на Ким Јонг Ил во оган од огнено оружје, тој пука во севернокорејски војник позициониран на балкон, кој паѓа на земјата со „Вилхелм вресок”. 

Во „Смртоносно оружје 4“ (Lethal Weapon 4), наредниците на ЛАПД, Мартин Ригс и Роџер Муртог се соочуваат со негативец што фрла пламен во центарот на Лос Анџелес. Муртаг му го одвлекува вниманието на негативецот истрчувајќи на улица во боксерки, а Ригс пука во боцата од пламенофрлачот и негативецот летнува низ улица со „Вилхелм вресок” и се забива во цистерна.

Ова се некои од најпознатите „Вилхелм врескања”. Следниот пат кога ќе го слушнете овој вресок во филм, ќе знаете зошто ви е толку познат.

Бане

Share This Story, Choose Your Platform!